
Во сабота, на 16 декември, со почеток од 12 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи презентација на предлог програмата за „Заштита на луѓето од кучешки напади“. Програмата е изработена од страна на професионалниот дресер на кучиња Ефто Стојаноски, а истата ќе биде предложена и до Владата на Република Македонија.
Со оваа програма вели Стојаноски многу подобро ќе се заштитат и малите деца и бебиња а истовремено ќе се заштитат и домашните животни и другите кучиња.
„Колку подобра заштита на луѓето од кучешки напади толку подобра заштита и на самите кучиња од масовни труења и убивања“, вели Стојаноски.
Презентацијата е од отворен тип и на неа може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани кои ќе имаат можнот да поставуваат и прашања.
One comment on “Охриѓанец ќе предложи програма за заштита на луѓето од кучешки напади”
Comments are closed.