Руската до американската амбасада во Скопје: Имаме решение за загадениот воздух

15 декември, 2017 | 8:30 часот | 5.598 прикажувања |

Преку службениот Твитер налог, руската амбасада ѝ одговори на американската амбасада со предлог за прочисување на воздухот во Скопје.

Амбасадата на САД во Македонија преку нивниот „Твитер“ налог изрази загриженост поради високото ниво на загадување на воздухот во Скопје и постави прашање „Какви предлози имате вие за почист воздух во Македонија?“.

„Додека нашите пријатели од американската амбасада во Македонија бараат предлози за намалување за загаденоста, ние сакаме да предложиме решение. Турски тек“, се вели во твитот на руската амбасада.


Загадувањето во главниот град во последниве 24 часа е екстремно високо, а Скопје според загаденоста е на првото место во светот, пред Калкута во Индија и Дака во Бангладеш.