И американската амбасада загрижена за загадениот воздух во Скопје

14 декември, 2017 | 20:46 часот | 673 прикажувања |

Загадувањето во Скопје беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата. Кои идеи ги имате за почист воздух во Македонија?

Ваков твит осамна на службениот Твитер налог на Амбасадата на САД во Скопје, а истата порака беше објавена и на Фејсбук профилот на Амбасадата.

Загаденоста на воздухот во македонскиот главен град е енормна и вечерва. Највисока загаденост мерните станици регистрирале кај Ректоратот со 506 микрограми ПМ честитчки на метар кубен. Следува Карпош со 479 микгрограми ПМ 10 честички на метар кубен, па Центар со 389, Гази Баба со 355 и Лисиче со 283 микгрограми ПМ 10 честички на метар кубен.