До 4.000 евра казна за газдите кои нема да исплатат К-15

14 декември, 2017 | 19:07 часот | 1.467 прикажувања |

Работодавците од приватниот сектор кои до крајот на оваа година нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, односно К-15, треба да се подготвени да платат казна и до 4.000 евра.

Ако и по плаќањето на казната тие и натаму ја игнорираат оваа обврска и не исплатат К-15, вработениот може да ги тужи и да го добие спорот, што ќе повлече обврска за работодавецот да ги подмири трошоците за водење на судскиот процес и да го исплати износот на регресот.

Притоа, предвидена е глоба од 2.000 до 3.000 евра, која би ја платило правното лице, додека парична глоба во висина од 500 до 1.000 евра ќе плати одговорното лице кај работодавецот.