Во недела ќе се прегласува во едно избирачко место во Чаир

11 ноември, 2017 | 10:11 часот | 283 прикажувања |

На избирачкото место 2901 кое се наоѓа во Општина Чаир утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг на Локалните избори, што се одржа на 29 октомври. На ова избирачко место вкупно се запишани 719 избирачи.

Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место.

Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа.

Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15 и на 29 октомври.