Заев оствари средба со Синдикатот на Македонски железници

14 декември, 2017 | 16:04 часот | 474 прикажувања |

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со претставници на Синдикална организација на вработените на подружница влеча на возови во МЖ Транспорт, предводени од претседателот на синдикатот, Ѓоко Илиевски, информираат од владината прес-служба.

На средбата се разговараше за наталожените проблеми со кои се соочува ова претпријатие, за условите за работа во кои работат работниците, како и за новите перспективи кои се отвораат за железничкиот сообраќај во Република Македонија со зголемениот интерес за изградба и комплетирање на коридорите 8 и 10.

Во таа насока премиерот Заев посочи дека Владата на Република Македонија има системска определба во изнаоѓање на трајно решение на проблемите во Македонски железници.

Премиерот Заев оцени дека изнаоѓање на решение е важно од причини што се отвораат економските перспективи за железничкиот сообраќај со комплетирањето на Коридорите 8 и 10, со што се отвораат можности Македонија да стане транспортен јазол на Балканот и во железничкиот и во патниот сообраќај.

Премиерот Заев ги слушна барањата на работнците организирани во овој синдикат, и порача дека низ взаемен дијалог помеѓу Владата, синдикалните организации и менаџментот на Македонски железници ќе се разгледуваат можностите и ќе се носат одлуки за трајно и системско решение на проблемите во Македонски железници.