38-годишна жена од Илинден искасана од кучиња скитници

14 декември, 2017 | 15:55 часот | 313 прикажувања |

Вчера во 11,25 часот Џ.Б.(38) од населба Илинден пријавила дека истиот ден околу 07,30 часот додека се движела по ул.19 во населбата била нападната од страна на четири кучиња скитници, при што едно од кучињата ја каснало во предел на грбот.

Откако паднала на асфалтот другите кучиња ја влечеле за облеката, по што минувачи дошле на помош и ги избркале кучињата. Оштетената побарала лекарска помош во Ургентен Центар- Инфективна клиника каде и е констатирана телесна повреда и е пуштена на домашно лекување, информираат од МВР.