ВМРО-ДПМНЕ: Скопје се гуши, Шилегов не презема ништо

14 декември, 2017 | 15:47 часот | 644 прикажувања |

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека додека Скопје се гуши, градоначалникот Петре Шилегов не презема ништо. Од партијата велат дека главниот град на Македонија ги надминал и оние места во Кина и во Индија кои досега го држеа светскиот рекорд во загаденост на воздухот.

„Додека граѓаните секојдневно се гушат во загадениот и за здравјето кобен воздух, за Петре Шилегов тоа е реално шоу. Истиот тој Шилегов до пред само два месеца во борба за гласовите на скопјани ветуваше чист воздух и здрава животна средина, за сега истото да го гледа низ призмата на реално шоу“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, граѓаните се жртва на неодговорната политика на Социјал-демократите.