Потпретседателката на Бугарија Јотова во посета на Македонија

14 декември, 2017 | 11:17 часот | 457 прикажувања |

Потпретседателката на Република Бугарија Илиана Малинова Јотова денеска е во посета на Република Македонија.

Во рамки на посетата, Јотова ќе се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.

Во пресрет на посетата на Скопје, Јотова во интервју за БГНЕС порача дека местото на Македонија и е во НАТО и ЕУ и оти Софија се закага тоа да се случи што е можно побрзо.

Немаме време за губење. Бугарија отсекогаш го прифаќала, го бранела и гарантирала правото на Република Македонија да стане полноправна членка и во Европската унија и во НАТО. Нашата држава беше прва што ја призна Македонија во 1992 година и сега е точно време да видиме кои се заедничките проекти кои можеме да ги направиме заедно за младите луѓе да останат во Бугарија и во Македонија, истакна Јотова.