Мирослав Стојановски нов претседател на Клубот на генерали

14 декември, 2017 | 11:05 часот | 420 прикажувања |

Генералот во пензија Мирослав Стојановски е избран за нов претседател на здружението Клуб на генерали, на годишното собрание на здружението што се одржа синоќа во Домот на АРМ.

На собранието беа усвоени и Извештајот на работата на Клубот на генерали за 2017 година, во согласност со Статутот на здружението, беа избрани нови органи на Клубот, а избран е и нов Извршен и Надзорен одбор.

Членовите на Собранието ја усвоија и Предлог-програмата за работа на Клубот на генерали за 2018 година, со која е предвидено поактивно учество на членовите на здружението во настани, активности и процеси поврзани со безбедносните и одбранбени прашања во Македонија.

извор: МИА