Нема веќе поднесување годишна даночна пријава до УЈП

10 ноември, 2017 | 8:43 часот | 215 прикажувања |

На вчерашната седница Владата на Република Македонија го разгледа предлог законот за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход.

Со предложените измени и дополнувања на овој закон граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава.

Управата за јавни приходи ќе има за обврска самостојно да ги прибере сите податоци за остварените приходи на сите физички лица и истите компјутерски да им ги достави. Со ова, на секој граѓанин ќе му биде доделена лична лозинка преку која ќе има пристап до пријавата доставена од УЈП со цел да направи проверка на своите податоци.