Шаховската федерација на Македонија доби нов управен одбор

14 декември, 2017 | 10:57 часот | 481 прикажувања |

Вчера во хотелот „Арка“ во Скопје беше конституиран нов Управен одбор на Шаховската федерација на Македонија, согласно овластувањата на актуелниот претседател Благоја Богоевски, се до истекот на неговиот мандат.

За потпретседател е избран Златко Марин, Градоначалник на Општина Аеродром, а секретар на УО ќе биде Лидија Софревска од ШК „Алкалоид“. Во составот на УО се најдоа и:

Борче Георѓиевски, Градоначалник на Општина Гази Баба,

Стефан Богоев, Градоначалник на Општина Карпош

Дејан Николовски, претставник од кабинетот на Премиерот

Невзат Умер, Директор на „Џевахир Холдинг“

Коста Начевски, менаџер

Горан Ѓорѓиевски, менаџер на „Специјал“

Сенко Смаиловиќ, директор на ЈП „Улици и патишта“

Жико Ѓориќ, менаџер во „ГМЦ Скопје“

Зоран Стојчевски, ШК „Гамбит Асеко“

Роландо Кутиров, велемајстор и претставник на играчите

„Минатиов период шахот незаслужено беше игнориран од сите надлежни институции. Федерацијата има блокирана сметка, па функционираше со големи тешкотии. Целта на овој УО ќе биде да овозможи услови за работа, да ја одблокира сметката и да го врати достоинството и сјајот што шахот го имал во Македонија. Очекуваме поддршка од сите надлежни институции, а најмногу од Агенцијата за млади и спорт“, рече претседателот Богоевски.