Во Тајпеј се одржа „натпревар во неправење ништо“

13 декември, 2017 | 20:18 часот | 282 прикажувања |

Необичен натпревар во „неправење ништо“ се одржа во главниот град на Тајван, а на него победи студентот од Чан Кај-хо.

Овој необичен натпревар се одржал во Централниот градски парк на Тајпеј. Задачата на учесниците била да седат 90 минути на едно место неправејќи буквално ништо, објави кинескиот весник „Саут Чајна морнинг пост“.

Кинезот, како награда добил авионски билет за наредниот таков натпревар, кој во февруари ќе биде одржан или во Хонг Конг или Јапонија.

„Да бидам искрен, прилично е исцрпувачки, но мислам дека сѐ е до добрата навика“, рекол Чан.

Првиот таков натпревар се одржал во 2014 година во Јужна Кореја, со цел да ги охрабри луѓето повеќе да се одмараат, секако – без користење смартфон и слични добра на современото доба.