Седум градови вечерва дишат многу високо загаден воздух

13 декември, 2017 | 19:33 часот | 1.289 прикажувања |

Воздухот во седум македонски градови: Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Кочани и Битола вечерва е многу високо загаден.

Ова се гледа од податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.

Ниско загаден е воздухот во Дебар, а многу ниско во Кичево.

Инаку, во текот на вчерашниот ден најголемо загадување имаше во скопските населби Лисиче, Аеродром и Гази Баба.