Села: Министерот за здравство треба да биде доктор

10 ноември, 2017 | 8:32 часот | 194 прикажувања |

Алијансата за Албанците останува во владината коалиција, а за новиот министер за здравство ќе се одлучи на партиските органи. Ќе поставиме човек којшто ќе ни го обели образот како што беше Арбен Таравари, изјави вечерва лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села.

Во емисија на телевизија Алсат – М, Села истакна дека ја застапува идејата министер за здравство повторно да биде доктор.

„Имаме доволно кадри не само за Министерството за здравство, туку за секое министерство кадешто има потреба. Името на новиот министер треба да се дискутира во раководството на партијата. Јас сум за идејата да биде доктор“, рече Села.