Палмер: Се надеваме дека Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО

13 декември, 2017 | 18:49 часот | 201 прикажувања |

Црна Гора годинава стана 29-та членка на НАТО, но ќе имаме убава симетрија доколку можеме да и посакаме добредојде на Македонија како 30. држава членка на Алијансата во Подгорица следната година.

Ова денеска го изјави Метју Палмер, директор на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот во Вашингтон, по состанокот на Партнерската комисија на САД – Јадранската повелба, што се одржа во македонското МНР.

„Потенцијалното решавање на прашањето за името исто така ќе претставува поттик за регионалната стабилност и го поздравуваме обновувањето на разговорите меѓу Македонија и Грција“, рече Палмер.