Владата ги разгледува можностите за меѓународна истрага за „Дива населба“

13 декември, 2017 | 13:07 часот | 1.825 прикажувања |

Владата ги разгледува можностите за меѓународно толкување или истрага на сите околности поврзани со случајот „Дива населба“. Ова го соопшти на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

„Се прави анализа на севкупните аспекти на настанот. Ова е чувствително прашање и за Република Македонија и за Република Косово. Владата на Република Македонија ги разгледува можностите за меѓународно толкување или истрага на сите околности поврзани со овој настан“, рече Бошњаковски.

Тој посочи дека оваа анализа треба да го даде и одговорот на прашањето која институција и од кој аспект ќе биде надлежна за процесирање на процесот, што и да се добие како резултат од оваа анализа.

фото: МИА