Арнаудовска: Советот за реформи во правосудството работи нетранспарентно

13 декември, 2017 | 12:55 часот | 274 прикажувања |

Советот за реформи во правосудството работи многу нетранспарентно. Во Нацрт стратегијата за реформи во судството воопшто не бевме вклучени како Академија и покрај пораките дека новата Влада ќе биде транспарентна, изјави директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска пред почетокот на денешната работилница за „Стандардите на ЕУ за почетна обука на судии и јавни обвинители“, пренесе Макфакс.

„Во Нацртот на стратегијата се почна со еден многу дискредитирачки вокабулар за Академијата дека произведува неспособни кадри, дека има незадоволителни резултат во работењето. Но по нашите забелешки до Европската комисија овој вокабулар беше отстранет,“ рече Арнаудова.

На дводневната работилница која е е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТАIEX) на ЕУ, учествуваат судии, јавни обвинители, претставници од релевантни институции од Македонија, како и од правосудните академии од Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Турција.

фото: МИА