Голманот на Вардар Арпад Штербик е најдобар ракометар во светот

13 декември, 2017 | 11:56 часот | 460 прикажувања |

Специјализираниот ракометен сајт „Handball planet“, во гласање во кое биле вклучени 30 новинари од 27 земји, како и од повеќе од 100 илјади посетители го прогласи голманот на европскиот ракометен шампион Вардар, Арпад Штербик за најдобар ракометар на светот за 2017 година.

Штербик одигра извонредна сезона со Вардар и имаше голема заслуга за историската прва титула во Лигата на шампионите. Покрај Штербик кој собра вкупно 89 бода, во идеалниот тим влегоа Уве Генсхајмер од ПСЖ со 82 бода, Микел Хансен од ПСЖ со 71 бод, Никола Карабатиќ од ПСЖ со 73 года, Недим Ремили 53 (ПСЖ), Виктор Томас 35 (Барселона), Бјарте Мирол 44 (Скјерн).