Шеќеринска во работна посета на Обединетото Кралство

13 декември, 2017 | 10:38 часот | 429 прикажувања |

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, од денеска престојува во неколкудневна работна посета на Обединетото Кралство.

За време на посетата министерката ќе има средби со првиот човек на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство, секретарот за одбрана, Гавин Вилијамсон, и со Алан Данкан, министер за Европа и Америка.

Шекеринска ќе има обраќање во Европскиот совет за надворешни работи на тема „Македонија и НАТО“. Таа ќе ги посети и највисоките воено-образовни институции во Велика Британија – Академијата за одбрана и Кралската воена академија „Сендхрст“, каде што еден од дипломците е македонскиот кадет-дипломец Милош Трендевски, кој ја завршува Академијата со највисоки резултати. В петок Шекеринска ќе присуствува и на церемонијалната парада во чест на дипломирањето на кадетите на академијата „Сендхрст“.

Во рамки на посетата министерката ќе го посети и Кралскиот колеџ за одбранбени студии, и ќе даде интервјуа за Би-би-си и Гардијан.