Скопјанка била физички и психички малтретирана од сопругот

13 декември, 2017 | 10:31 часот | 266 прикажувања |

Од МВР информират дека вчера во 10.35 часот во полициската станица Аеродром, С.T.(43) од Скопје пријавила дека во неколку наврати претходниот и овој месец била физички малтретирана од страна на сопругот И.T.(46) и притоа се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, посочила дека при едно малтретирање била и силувана од негова страна.

Оштетената напоменала дека И.T. секојдневно физички и психички ја малтретирал, за што во неколку наврати пријавувала поплаки и малтретирање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.