Вооружен крадец ограбил банка во Кичево

13 декември, 2017 | 10:28 часот | 232 прикажувања |

Вчера околу 12,30 часот во Кичево на булевар „Ослободување“ во експозитура на „Шпаркасе Банка“, непознат сторител со закана со пиштол од вработената одзел околу 100.000 денари, 2.500 евра и околу 2.800 американски долари, по што го напуштил местото на настанот.

Извршен е увид, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, информираат од полицијата.