Втор ден прекин на железничкиот сообраќај

13 декември, 2017 | 10:16 часот | 292 прикажувања |

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај втор ден е во застој, поради протестите на вработените во „Македонски железници“ кои бараат исплата на вториот дел од платата за октомври.

Тие најавија дека нема да почнат со исполнување на работните обврски сè додека не им се исполни поставеното барање. Железничарите најавија и нова блокада на сообраќајот доколку ноемвриската плата не им биде исплатена до 25 декември.

Од Министерството за транспорт информираат дека се работи на решавање на проблемот и нормализирање на сообраќајот.