Димитров: Имаме голема шанса за голем успех

12 декември, 2017 | 17:26 часот | 293 прикажувања |

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во Брисел учествуваше на работен ручек со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во ЕУ.

„Димитров ги запозна министрите на земјите членки со постигнувањата на Македонија во имплементацијата на внатрешните реформи и унапредувањето на добрососедските, како и со плановите на Владата и очекувањата во наредниот период. Ја истакна потребата за поддршка на Македонија од страна на земјите членки за постигнување на долгоочекуваната цел – што побргу почнување на пристапните преговори за членство во ЕУ“, соопшти МНР.

„Имаме голема шанса за голем успех“, истакнал министерот Димитров.

Од земјите членки, како што соопшти МНР, било добиено охрабрување да се продолжи со решителност и одлучност на патот на ЕУ.