Барса подготвува 120 милиони евра за Кутињо

9 ноември, 2017 | 10:45 часот | 282 прикажувања |

Управата на Барселона не се откажува од ангажман на Филипе Кутињо и подготвува нова понуда за играчот на Ливерпул.

Каталонскиот клуб веќе во зимскиот преоден рок ќе направи нов обид со понуда од 120 милиони евра да го добие Бразилецот во своите редови, објавија шпански медиуми.

Барселона се обиде да го купи Кутињо во текот на летото, но Ливерпул тогаш одби да влезе во преговори за играчот од средниот ред.