Вулин: Заев не си го одржа зборот по прашањето за Косово

12 декември, 2017 | 17:22 часот | 308 прикажувања |

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, како реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев во Приштина за зачленувањето на Косово во УНЕСКО, изјави дека „македонскиот премиер Зоран Заев не го одржал зборот“, пренесе Танјуг.

„Како што претходно со месеци најавуваше претседателот Александар Вучиќ, македонскиот премиер не го одржат својот збор. Иако јавно даде ветување дека ќе биде воздржан во однос на прашањето за членство на Косово и Метохија во УНЕСКО и дека тоа ќе биде доказ за пријателство кон Србија, Заев одлучи да ја поддржи Приштина. Со тоа Заев покажа дека Вучиќ добро ги познава и луѓето и можностите, но, исто така, и што навистина мисли македонскиот премиер за Србија“, изјави Вулин.

„Србија и нејзиниот претседател се пријатели на Македонија и на нејзините граѓани“, порачал министерот за одбрана, во соопштението за јавноста, но додал дека „македонскиот премиер тоа не знае да го почитува“.