Иванов во Бразил пречекан со највисоки државни почести

12 декември, 2017 | 17:16 часот | 468 прикажувања |

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Бразилија со највисоки државни почести беше примен од претседателот на Федеративна Република Бразил, г. Мишел Темер.

Ова е прва официјална посета на Претседател на Република Македонија на Федеративна Република Бразил и на Латинска Америка.

Во рамки на посетата, Иванов ќе присуствува на свеченото отворање на амбасадата на Република Македонија во Бразилија, прва резидентна македонска амбасада во Латинска Америка.

Вчера Иванов оствари средби со Пауло Скаф, претседател на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло и Едуардо Виера, претседател на Федерацијата на индустрии на Рио де Жанеиро.