Законот за јазици утре на комисијата за европски прашања

12 декември, 2017 | 16:17 часот | 253 прикажувања |

Комисијата за европски прашања, за утре го закажа продолжението на шестата седница на која на дневен ред е Предлог-законот за употреба на јазиците во второ читање.

Пратениците треба разгледаат околу стотина поднесени амандмани, од кои најголем дел над 80 се предложени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Амандмани поднесоа СДСМ и Беса, освен ДУИ. Извесно е дека пратеницте на ВМРО-ДПМНЕ нема да се појават и на утрешната комсија, по најава дека да учестуваат во работата на Собранието како поддршка на нивните шест пратеници кои се во притвор.

Инаку, по разгледувањето на поднесените амандмани на законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот. Потребата од носење закон за употреба на јазиците беше изгласана од пратениците на 15 ноември годинава. „За“ гласаа 66 пратеници, а 41 беа против.

извор: Макфакс