Нимиц: Прашањето за името може да биде решено в година

12 декември, 2017 | 16:13 часот | 311 прикажувања |

По двочасовен разговор со претставниците на Скопје и Атина, медијаторот во македонско-грчкиот спор Метју Нимиц истакнал дека прашањето за името може и треба да биде решено следната година.

Според посредникот Нимиц, климата за решение на спорот за името е позитивна, а и двете страни имаат желба и волја прашањето да биде затворено.

Нимиц најави дека работи на распоред за средби што ќе се одвиваат во следните три месеци, со цел да биде постигнат видлив напредок.

„Ние сакаме прашањето да се реши следната година и ќе направиме напори да го постигнеме тоа. На ова прашање работиме веќе 20 години. Се разбира постојат тешки прашања и за двете страни и по толку многу години, не мислам дека постои магичен предлог за името. Неопходно е да се пронајде решение со помош на политичка волја и дипломатија“, рече Нимиц, кој посочи дека денеска не дал нов предлог за името.