Пиштол пронајден во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

12 декември, 2017 | 13:38 часот | 269 прикажувања |

Пиштол „Глок 17 “ калибар 9 мм бил пронајден вчера во Клинички центар „Мајка Тереза“.

Од полицијата информираат дека пронајдениот пиштол е во сопственост на Х.И. (31) кој од него бил одземен пред два дена во 15 часот во комплексот „Мајка Тереза“ од страна на непознат сторител.

„Додека пријавителот седел во ходникот од болнички објект, сторителот му ја земал чантата во која бил пиштолот, по што побегнал од местото“, информираат од полицијата.