Црногорскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

9 ноември, 2017 | 8:40 часот | 201 прикажувања |

Црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ денеска престојува во официјална посета на Македонија.

Покрај средбата со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, министерот Дармановиќ ќе биде примен од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, како и од претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Во рамките на посетата се очекува да бидат разменети мислења за натамошно унапредување на билатералните односи во сферите од заемен интерес, како и за продлабочување и натамошна диверзификација на секторската соработка. Во фокусот на дискусиите ќе биде и соработката на планот на ЕУ и НАТО интеграцијата, потребата од инфраструктурно поврзување, а ќе стане збор и за регионалната соработка и заедничката европска иднина.