Заев: Не сме стигнале до таму да разговараме за нови имиња

12 декември, 2017 | 12:25 часот | 397 прикажувања |

Премиерот Заев се надева дека „со посрединштво на Нимиц ќе биде потврдена заедничката желба на двете стани за изнаоѓање на решение“. Ова тој го изјави од Косово, каде трае неговата еднодневна официјална посета на оваа земја.

„Не сме стигнале до тоа, да разговараме за нови имиња. Се надевам дека состанокот ќе заврши во позитивна атмосфера за да можеме понатаму да очекуваме разработка на можни решенија на овој проблем“, одговори Заев на новинарско прашање.

На заедничката прес-конференција со неговиот колега Рамуш Харадинај, Заев рекол дека за случајот со „Диво Насеље“ ќе има меѓународна истрага за да се дојде до вистината, а самото прашање нема да биде пречка за македонско-косовските односи.

За потсетување, на 10 ноември годинава косовската влада додели помош од вкупно 219 илјади евра на семејствата од осудените во настаните од кумановско „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај 2015 година.

Посетата на Косово Заев ќе ја искористи за да се сретне и со косовскиот претседател Хашим Тачи и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.