Мајка ја присилувала малолетната ќерка на сексуални односи со 60-годишен маж

12 декември, 2017 | 12:16 часот | 268 прикажувања |

Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б. (60) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

Во кривичната пријава е опфатена и А.К. (37) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ и „запуштање и малтретирање на дете“. Б.Б. во неколку наврати сексуално, со допирање ја злоупотребил малолетната ќерка на второпријавената А.К.. Таа, по барање на Б.Б. ја присилувала својата ќерка на полови дејствија со него, но и самата вршела полови дејствија во присуство на малолетната ќерка.

Малолетничката, за таквите постапки го известила и побарала помош од својот татко. Со девојчето бил извршен разговор во присуство на стручни лица од Меѓуопштински центар за социјални работи Дебар. Притоа, била донесена одлука да се отстрани А.К. од семејството и да се преземат дополнителни мерки заради заштита на малолетно лице.