Крадец украл 3.000 евра од аптека на „Партизанска“

12 декември, 2017 | 12:01 часот | 284 прикажувања |

Вчера околу 19.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, В.Ѓ. пријавила дека во аптека на бул. „Партизански одреди“ непознат маскиран сторител извршил разбојништво.

Сторителот со закана со физичка сила одзел 3.000 евра од дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Од полицијата информираат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.