Заев во прва официјална посета на Косово

12 декември, 2017 | 9:57 часот | 367 прикажувања |

Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово. Заев ќе се сретне со неговиот косовски колега Рамуш Харадинај, а ќе има средби и со претседателот на Косово Хашим Тачи и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.

Македонскиот премиер ќе се сретне со претставници на Македонско – косовската бизнис заедница. Во македонската делегација ќе бидат и министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Посетата на Заев е прва официјална посета на премиер на Република Македонија на Република Косово.