Салах прогласен за најдобар африкански играч за 2017

11 декември, 2017 | 21:48 часот | 469 прикажувања |

Мохамед Салах, фудбалерот на Ливерпул, е избран за најдобар африкански фудбалер во традиционалниот што секоја година го спроведува британскиот национален сервис БиБиСи.

Египетскиот фудбалер зад себе има година од соништата. Најпрвин фантастично играше во дресот на Рома, потоа следуваше трансфер во Ливерпул каде игра во животна форма, а врв на сѐ беше пласманот со неговата репрезентација на Светското првенство во Русија.

Во изборот за најдобар африкански играч Салах ги победи Обамејанг, Наби Кеита, Мане и Мозес.

Претходните години ова престижно признание одеше во рацете на Махрез, Туре, Дрогба, Адебајор, Диуф….