Рахул Ганди нов лидер на Индискиот национален конгрес

11 декември, 2017 | 18:13 часот | 477 прикажувања |

За нов лидер на опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) денеска е избран Рахул Ганди.

Тој е син на поранешниот индиски премиер Раџив Ганди и на Соња Ганди, која досега беше лидер на партијата.

ИНЦ владееше со Индија долг период по прогласувањето на независност, а во опозиција е од 2014 година, по поразот од Индиската народна партија на премиерот Нарндра Моди.

Од партијата очекуваат Рахул Ганди да биде успешен во трката со Моди за премиерксата функција, откако Соња Ганди најави дека се повлекува поради здравнствени проблеми.

Рахул е пратеник во индискиот Парламент од 2004 година и тој е шести член на династијата Ганди-Нехру кој застанува на чело на ИНЦ. Премиери од оваа најпозната индиска политичка династија беа прадедо на Рахул Ганди, Џавахарлал Нехру, баба му Индира Ганди и татко му Раџив Ганди.