Пожар на градежниот факултет во Скопје, студентите евакуирани

9 ноември, 2017 | 10:29 часот | 256 прикажувања |

Утрово се запали Градежниот факултет на булеварот Партизански одреди во Скопје. Пожарот избил на третиот кат на факултетот.

Екипи од Противпожарната бригада се на терен и во моментов го гаснат пожарот. ЈП „Градски паркинг“ и ЈП „Паркинзи Општина Центар“ со своите пајак возила го расчистуваа паркингот кај факултетот за да можат да влезат возилата на Пожарната.