Македонија и Албанија ќе ја одржат првата меѓувладина седница во Поградец

11 декември, 2017 | 14:47 часот | 235 прикажувања |

Во градот Поградец, соседна Аланија на 15 декември (петок) ќе се одржи првата меѓувладина седница меѓу Македонија и Албанија, соопштија од владината прес-служба.

На седницата ќе се разговара на повеќе теми, со цел да се унапреди заемната билатерална активност и политичкиот дијалог за зајакнување на соработката во сите сфери.

„Со оглед на меѓусебните заложби од регионалната соработка ориентирана кон Европската Унија, Берлинскиот процес, целите зацртани на Самитот на Јадранската повелба во Трст и создавањето на регионална економска зона, во фокусот на меѓувладината седница ќе биде унапредувањето на меѓусебната поврзаност и инфраструктура, олеснувањето на размената на стоки и услуги како и зајакнување на соработката во областа на безбедноста“, се вели во соопштението од Владата.