Во неочекувана посета на Сирија, Путин нареди повлекување на руската армија од земјата

11 декември, 2017 | 13:46 часот | 490 прикажувања |

Oткако неочекувано пристигна во Сирија, рускиот претседател Владимир Путин нареди делумно повлекување на руската војска од земјата. Путин веќе ја издал наредбата до руските генерали во Сирија.

„Наредив министерот за одбрана и шефот на генералштабот да започнат со повлекување на групата сили на Русија во нивните постојани места на распоредување“, рече Путин.

Тој се сретна со сирискиот претседател Башар ал-Асад во руската воздушна база во Сирија.

Путин нагласи дека руските војници си ја завршиле својата работа во Сирија и дека ги поразиле сите терористички групи.

фото: Russia Today