Чичаковски поднесе оставка од функцијата претседател на ДИК

11 декември, 2017 | 13:18 часот | 322 прикажувања |

Претседателот на Државната изборна комисијата (ДИК) Александар Чичаковски денеска за МИА изјави дека поднел барање за престанок на функцијата претседател на Комисијата.

Оставката, рече Чичаковски, е негов личен чин.

Чичаковски оставката ја поднесе откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК зеле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси и интернет петицијата за оставка на членовите на Комисијата.

Мандатот на овој состав на комисијата истекува во 2020 година. Чичаковски е прв човек на ДИК од редот на експертите од 2015 година по постигнувањето на Пржинскиот договор.

Во изјава за Нова ТВ својата оставка ја најавиле и членовите на ДИК од редовите на СДСМ Игор Милев и Виолета Дума. Дополнителните надоместоци кои тие како членови на ДИК си ги исплатиле за прекувремена работа за изборите ги вратиле во Буџетот.