Јункер предвидува влез на Србија и Црна Гора во ЕУ до 2025

8 ноември, 2017 | 20:27 часот | 260 прикажувања |

Србија и Црна Гора ќе влезат во Европската унија до 2025 година, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

На прес-конференцијата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, одговарајќи на новинарско прашање за натамошното проширување на ЕУ, Јункер рече: Јас навистина мислам дека тие две држави ќе станат членки до 2025 година.

„Засега не делува дека можеме да примиме нови членки до 2019 година, но би сакал европската перспектива да не се гледа како покана, туку како потреба“, истакна Јункер.