УХМР: Зголемен водостојот на Вардар

11 декември, 2017 | 11:12 часот | 212 прикажувања |

Водостојот на Вардар на сите мерни места е поголем од просекот за декември и бележи зголемување во однос на вчерашниот ден, особено кај Јегуновце каде нивото е зголемено за речиси половина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Повисок водостој од вообичаениот за овој месец имаат и Треска кај Македонски Брод и Црн Дрим кај Ложани, додека нивото на останатите реки во земјава е под долгогодишниот просек.

Водостоите на природните езера, пак, се во рамки на просекот, а нивото на Охридското Езеро е за 15 сантиметри повисоко од минимално дозволеното.