Загина тракторист во струмичко Сушица

3 октомври, 2018 | 11:55 часот | 200 прикажувања |

Триесет и седумгодишен тракторист загина во несреќа во Сушица, Струмичко.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 19:10 часот на место викано Обрак кога К.М.(37) од село Ново Село, движејќи се со трактор по некатегоризиран пат, изгубил контрола и паднал во бездна.

Од здобиените повреди К.М. починал на местото на настанот. Увид извршила екипа од СВР Струмица.