Тодоров смета дека бојкотот ја носи ВМРО-ДПМНЕ во погрешен правец

21 септември, 2018 | 20:39 часот | 219 прикажувања |

Поранешниот вицепремиер и министер за здравство во владата на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров вечерва рече дека треба да се излезе на референдум и го повтори неговиот личен став дека тој ќе гласа на „за“ ЕУ и НАТО, но против договор или како што рече, тоа се викало протестно гласање.

„Против бојкот сум од причина што политичкиот простор за бојкот претходно беше веќе заземен од политички структури кои се маргинални или кои имаат различни стратешки структури од ВМРО-ДПМНЕ и ги немаат во нив членството во НАТО и ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ како уставотворна партија не смее да си дозволи да биде водена од структури кои се маргинални. ВМРО-ДПМНЕ не го зазеде просторот за бојкот на време, туку таа сега треба да се приклучи на структури кои го почнаа бојкотот“, рече Тодоров во гостувањето на Топ тема на телевизија Телма.

Коментарите ме погодуваат, рече тој додавајќи дека ова не го правел за го предаде ВМРО-ДПМНЕ, туку да направел добро за партијата.

„Партијата ми овозможи да го направам ова – рече секој да постапи по свое убедување и јас тоа го правам“, рече Тодоров.

извор: Телма