ЕУ до Приштина и Тирана: Не си играјте со границите

21 септември, 2018 | 20:27 часот | 905 прикажувања |

Приштина и Тирана се обврзани целосно да ги почитуваат одредбите од Спогодбата за асоцијација и стабилизација кои се однесуваат на коректно управување со границите, предупреди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ.

„Косово и Албанија се обврзани на коректно управување со границите и граничните премини, преку целосно почитување на условите кои произлегуваат од европската Спогодба за стабилизација. Очекуваме да се однесуваат во согласност со тоа“, порача Коцијанчиќ.

Во соопштение доставено до „Танјуг“, по повод повикот на директорот на Канцеларијата на Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ до Брисел да се изјасни по најавата на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај за отворање на границата помеѓу Косово и Албанија од Нова Година, Коцијанчиќ рече дека ЕУ обично не коментира коментари, но истакна дека во момент кога претседателите Вучиќ и Тачи продолжуваат да работат во рамки на дијалогот, неопходно е да се избегнат провокативни (или оние кои звучат така) изјави или акции.