
Четири лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на регионалниот пат Прилеп-Крушево, соопштија од МВР.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобили „Мерцедес“ и „Ауди“ А6, двете со прилепски регистерски ознаки.
„Во двете возила имало возач и по еден сопатник кои се пожалиле на повреди, по што се пренесени во прилепската болница“, информираат од МВР.
Од 19:30 часот сообраќајот на овој патен правец се одвива наизменично, со пропуштање на возилата.