Каменос: Каков и да е исходот од референдумот, последниот збор за Договорот од Преспа ќе го има грчкиот народ

12 септември, 2018 | 9:10 часот | 177 прикажувања |

Kоалициониот партнер во грчката влада Панос Каменос изјави, откако Македонија би ги завршила предвидените обврски, последниот збор за Договорот од Преспа ќе го има грчкиот народ или на референдум или на избори.

„Ниту македонски националност постои, ниту македонски јазик постои, говорите словенски“– рече Каменос.

Со оглед на тоа дека на прес-конференцијата во Солун, лидерот на Независни Грци на неколкупати повтори дека ниту прифаќа име со терминот Македонија, ниту се согласува со Договорот од Преспа, му беше упатено прашањето дали можеби за него, најдоброто решение е нерашавањето на проблемот. Рече дека ако решението е отстапување на терминот Македонија, тогаш може нерешавањето да е подобро решение.

„Можеби решението е нерешавање. Поминаа 25 години, нека бидат 35. За 10 години може да се променат многу работи. Сега најдоа да го решат кога сме влада на два различни коалициони партнери кои одиме да ја спасиме земјата, сѐ оди добро, одиме кон развој и треба сега да го решиме, во последните 6 месеци од мандатот? Некои го сакаат тоа“ –  коментираше Каменос.

 

Извор: МИА