Приведен затвореник кој избегал од Идризово

6 септември, 2018 | 11:41 часот | 182 прикажувања |

Вчера околу 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Ф.А. (33) од Гостивар, осуден на двегодишна затворска казна за сторено кривично дело „кражба“, а кој претходно избегал од Казнено-поправната установа „Идризово“-Скопје и по кого била распишана потерница.

По приведувањето, Ф.А. бил спроведен во КПУ „Идризово“ на доиздржување на затворската казна.