Двете Кореи ќе одржат самит на 18 септември во Пјонгјанг

6 септември, 2018 | 11:37 часот | 87 прикажувања |

Лидерите на Северна и Јужна Кореја, Ким Џонг-ун и Мун Џае-ин, ќе се сретнат на 18 септември во Пјонгјанг на трет самит на двете земји, соопшти специјалниот претставник на јужнокорејскиот претседател за време на посетата на Пјогнјанг.

Двајацата лидери ќе одржат состанок на високо ниво за време на идната недела за да извршат подготовки за претстојниот самит, кој ќе трае од 18 до 20 септември, пренесе Тас.

Тие ќе разговараат за спроведување на Декларацијата од Панмунџом, погранично село во демилитаризираната зона, како и за воспоставување траен мир и денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Специјалниот јужнокорејски претставник додал дека Ким рекол оти е посветен на денуклеаризација и дека ќе соработува со САД по тоа прашање.

Мун и Ким последен пат се сретнаа во Панмунџом на 26 мај оваа година, а пред тоа во април беше одржан првиот самит меѓу двете Кореи.